Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 7:7-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Се дигнаа и избегаа во примрак: ги оставија своите шатори, коњите и ослињата, сиот логор каков што беше. Побегнаа за да ја спасат жива главата.

8. И така, кога проказаните дојдоа до работ на логорот, се вовлекоа во еден шатор. Откако се најадоа и напија, зедоа оттаму сребро, злато и облеки па отидоа да ги скријат. Тогаш се вратија па влегоа во друг шатор: зедоа плен од него, та отидоа и го скрија.

9. Тогаш си рекоа еден на друг: „Не смееме да правиме така. Денешниот ден е полн со радосни вести, а ние молчиме. Ако го дочекаме утрото, ќе бидеме виновни. Затоа да тргнеме! Да му ја јавиме новоста на дворецот.”

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 7