Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 7:16-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. И народот излезе и почна да го ограбува арамејскиот логор: и мера чисто брашно беше за шекел, а две мери јачменово брашно за еден шекел според Господовото слово.

17. Царот го постави на градската врата оној дворјанец на чија рака се потпирал; а народот го изгази во вратата, и тој умре, според зборот што го рече Божјиот човек кога царот беше дојден кај него.

18. Се случи како што Божјиот човек му рече на царот: „Утре во ова доба при вратата на Самарија две мери јачменово брашно ќе бидат за шекел и мера чисто брашно за шекел.”

19. Дворјанецот му одговори на Елисеја: „Па Господ да направи и окна на небото, дали би можело да биде тоа што го велиш?” Елисеј му одговори: „Ќе видиш со своите очи, но нема да јадеш.”

20. И навистина, така му се случи: народот го изгази при вратата, та тој умре.

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 7