Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 6:8-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Арамејскиот цар беше во војна со Израел, се посоветува со своите придворници и рече: „Подигнете логор на тоа место.”

9. Но Елисеј му порача на израелскиот цар: „Чувај се од она место, зашто Арамејците се влогорија таму.”

10. И израелскиот цар ги предупреди луѓето за местото за кое му рече Божјиот човек. Тој ги предупредуваше, а царот се пазеше; а тоа стана повеќе пати.

11. Срцето на арамејскиот цар се вознемири заради тоа, па тој ги повика своите придворници та ги праша: „Не сакате ли да ми речете кој од нашите му поткажува на царот на Израел?”

12. Еден од придворниците одговори: „Не, господару цару; Елисеј, Израелевиот пророк, му ги открива на израелскиот цар зборовите што ги кажуваш во својата спална.”

13. Тој рече: „Отидете и видете каде е, та веќе ќе испратам да го фатат.” И му јавија: „Ене го во Дотан.”

14. Тогаш царот испрати таму коњи, коли и силни чети. Тие стигнаа ноќе и го опколија градот.

15. Наутро, откако стана Божјиот човек, излезе, а ете околу градот стои војска со коњи и коли! Неговиот момок му рече: „Ах, господару мој, што ќе правиме?”

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 6