Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 6:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Пророчките синови му рекоа на Елисеј: „Ете, тесно ни е местото кај тебе.

2. Туку да отидеме до Јордан, па таму секој да земеме по греда и да си направиме таму живеалиште.” Тој одговори: „Одете!”

3. Еден од нив му рече: „Благоволи да дојдеш со своите слуги.” Тој одговори: „Ќе дојдам.”

4. И тргна со нив. Кога дојдоа до Јордан, почнаа да сечат дрва.

5. А додека еден од нив ја делкаше гредата, секирата му падна во водата, и тој викна: „Ах, господару! И уште беше позајмена!”

6. А Божјиот човек праша: „Каде падна?” Оној му го покажа местото. Тогаш тој пресече дел од дрво, го фрли на она место и направи секирата да исплива.

7. И рече: „Извади ја!” И човекот ја протегна раката та ја зеде.

8. Арамејскиот цар беше во војна со Израел, се посоветува со своите придворници и рече: „Подигнете логор на тоа место.”

9. Но Елисеј му порача на израелскиот цар: „Чувај се од она место, зашто Арамејците се влогорија таму.”

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 6