Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 6:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Пророчките синови му рекоа на Елисеј: „Ете, тесно ни е местото кај тебе.

2. Туку да отидеме до Јордан, па таму секој да земеме по греда и да си направиме таму живеалиште.” Тој одговори: „Одете!”

3. Еден од нив му рече: „Благоволи да дојдеш со своите слуги.” Тој одговори: „Ќе дојдам.”

4. И тргна со нив. Кога дојдоа до Јордан, почнаа да сечат дрва.

5. А додека еден од нив ја делкаше гредата, секирата му падна во водата, и тој викна: „Ах, господару! И уште беше позајмена!”

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 6