Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 5:14-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. И така слезе, се изми седумпати во Јордан, според зборот на Божјиот човек; и телото му стана пак како кај мало дете - се очисти!

15. Тој се врати кај Елисеј, со сета своја придружба, влезе, застана пред него и му рече: „Еве, сега знам дека нема Бог во сета земја, освен во Израел. Затоа те молам, прими подарок од својот слуга.”

16. Но тој одговори: „Жив ми Господ, Кому Му служам, не примам.” Нееман настојуваше за да прими, ама тој не сакаше.

17. Тогаш Нееман рече: „Добро, кога не сакаш. Но барем дозволи да ми дадат, мене, на твојот слуга, од оваа земја колку што можат да носат две мазги. Зашто твојот слуга нема веќе да им принесува паленици и жртви на други богови освен на Господа.

18. А Господ нека му го прости ова на твојот слуга: кога мојот господар ќе отиде во Римоновиот храм за да се поклони таму, па се потпре врз мојата рака, тогаш и јас ќе се поклонам во храмот Римонов. Господ нека му го прости тој чин на твојот слуга.”

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 5