Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 4:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Жената на еден од пророчките синови го замоли Елисеја вака: „Твојот слуга, маж ми, умре, а знаеш дека твојот слуга се боеше од Господа. Сега дојде заемодавачот за да ми ги земе двата сина и за да ги направи свои робови.”

2. Елисеј и рече: „Што можам да сторам за тебе! Кажи ми што имаш во куќата?” Таа одговори: „Твојата слугинка нема ништо во куќата освен врчва со масло.”

3. Тогаш и рече: „Оди и позајми од сите свои соседи празни садови, но нека не бидат премалку!

4. Потоа врати се дома, затвори ја вратата зад себе и зад своите синови и налевај масло во сите тие садови и полните ставај ги настрана.”

5. И таа си отиде од него, ја затвори вратата зад себе и зад своите синови. Тие и ги подаваа садовите, а таа ги полнеше.

6. И кога се наполнија садовите, таа му рече на својот син: „Подај ми уште еден сад!” Ама тој и одговори: „Нема веќе садови.” И маслото прекрати.

7. Таа отиде и му кажа на Божјиот човек, а тој и рече: „Оди, продај го маслото и исплати го својот долг, а од остатокот ќе живеете: ти и твоите синови!”

8. Еден ден Елисеј поминуваше низ Сунам. А таму живееше угледна жена, и таа го повика при столот. Оттогаш, кога поминуваше оттаму, се навратуваше кај неа за јадење.

9. Таа му рече на мажа си: „Еве, знам и гледам дека е свет оној Божји човек што поминува оттука.

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 4