Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 3:26-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. Кога моавскиот цар виде дека не ќе ја издржи битката, зеде со себе седум стотини луѓе вооружени со мечеви, се обиде да се пробие и да дојде до едомскиот цар, ама не успеа.

27. Тогаш го зеде својот син првенец, кој требаше да го наследи, и го принесе како паленица на ѕидот. Тоа им се згади толку на Израелците та отидоа од нив и се вратија во својата земја.

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 3