Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 25:27-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. Во триесет и седмата година откако е заточен јудејскиот цар Јоахин, во дваесет и седмиот ден на дванаесеттиот месец, вавилонскиот цар Евил-Меродах во првата година на своето владеење го помилува јудејскиот цар Јоахин и го пушти од темницата.

28. Разговараше со него љубезно и столицата му ја постави повисоко отколку на другите цареви кои беа со нив во Вавилон.

29. Јоахин ги смени своите темнички облеки и јадеше со царот покрај исти стол во текот на сиот свој век.

30. До крајот на неговиот живот вавилонскиот цар трајно, од ден во ден, му даваше издржување.

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 25