Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 25:16-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. два столба, едно море и подножјата, што Соломон даде да ги изработат за Господовиот Дом. Немаше мерка да се прецени колку беше бронзата во сите тие предмети.

17. Првиот столб беше висок осумнаесет лакти, имаше главче од бронза, високо три лакти; имаше мрежа наоколу и калинки, сè од бронза. Таков беше и вториот столб.

18. Началникот на телохранителите ги одведе свештеничкиот главатар Серај, вториот свештеник, Софониј, и тројцата чувари на прагот.

19. Од градот одведе еден дворјанец, војничкиот заповедник, пет луѓе од царската придружба кои се најдоа во градот, писарот на заповедникот на војската, кој собираше војска од народот, и шеесет луѓе од земниот народ кои се најдоа во градот.

20. Заповедникот на царската телесна стража ги одведе пред вавилонскиот цар во Ривла.

21. И вавилонскиот цар заповеда да ги погубат во Ривла, во Ематската Земја. Така го одведоа јудејскиот народ од неговата родна земја.

22. На народот што остана во јудејската земја и што го остави вавилонскиот цар Навуходоносор, им го постави овој за управител Годолиј, синот Ахикамов, внукот Сафанов.

23. Сите воени повелници и нивните луѓе научија дека вавилонскиот цар и го постави на земјата за намесник Годолиј, и дојдоа пред него во Миспа: Нетаниевиот син Исмаил; Каријаевиот син Јоанан; синот Тануметов од Нетофат, Серај; синот Махатов Јазаниј - тие и сите нивни луѓе.

24. Годолиј им се заколна ним и на нивните луѓе, и рече: „Не бојте се да им служите на Халдејците; останете во земјата, бидете му потчинети на вавилонскиот цар, и ќе ви биде добро.”

25. Но во седмиот месец дојде Исмаил, синот Нетаниев, внукот Сафанов, внукот Елисамов, кој беше од царски род, и уште десет луѓе со нив, го убија Годолиј, та тој умре како и сите Јудејци и Халдејци кои беа со него во Миспа.

26. Тогаш сиот народ, од малиот до големиот, и сите заповедници на четите, станаа и отидоа во Египет, зашто се боеја од Халдејците.

27. Во триесет и седмата година откако е заточен јудејскиот цар Јоахин, во дваесет и седмиот ден на дванаесеттиот месец, вавилонскиот цар Евил-Меродах во првата година на своето владеење го помилува јудејскиот цар Јоахин и го пушти од темницата.

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 25