Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 25:14-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Ги зедоа и грнчињата, лопатите, ножевите, садовите, и воопшто сиот бронзен прибор што беше употребуван во богослужбата.

15. Заповедникот ги зеде и кадилниците и прскалниците, воопшто сè што беше од злато и сребро,

16. два столба, едно море и подножјата, што Соломон даде да ги изработат за Господовиот Дом. Немаше мерка да се прецени колку беше бронзата во сите тие предмети.

17. Првиот столб беше висок осумнаесет лакти, имаше главче од бронза, високо три лакти; имаше мрежа наоколу и калинки, сè од бронза. Таков беше и вториот столб.

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 25