Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 23:5-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Ги отстрани паганските свештеници кои јудејските цареви ги поставија за да кадат на високите места, во јудејските градови и во околината на Ерусалим; и оние кои што им кадеа на Ваала, на сонцето, на месечината, на ѕвездите и на сета небеска војска.

6. Ја изнесе Ашера надвор од Ерусалим од Господовиот Дом, во Кедронската Долина, и ја спали во Кедронската Долина, ја здроби во прав, а правот го фрли на гробиштата на народните синови.

7. Ги разурна домовите на содомците, кои беа при Господовиот Дом и во кои жените и ткаеја облеки на Ашера.

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 23