Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 23:30-37 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

30. Неговите слуги му го пренесоа телото со кола од Мегидон, го префрлија во Ерусалим и го погребаа во неговата гробница. Сиот народ на земјата го прими Јоахаз, синот Јосиев; го помазаа и го прогласија за цар место неговиот татко.

31. На Јоахаза му беа дваесет и три години кога се зацари. Царуваше три месеци во Ерусалим. Неговата мајка се викаше Амутала, ќерка Еремиева, од Ливна.

32. Тој правеше што е зло во Господовите очи, сè како што правеа неговите татковци.

33. Фараонот Нехаон го фрли во окови во Ривала, на подрачјето на Емат, за да не владее во Ерусалим, и и наметна на земјата данок од сто таланти сребро и десет таланти злато.

34. Фараонот Нехаон го постави за цар Елијаким, синот Јосиев, на местото на неговиот татко Јосиј, и му го промени името во Јоаким. А Јоахаза го зеде и го одведе во Египет, каде тој умре.

35. Елијаким му даде на фараонот сребро и злато, ама и наметна данок на земјата, за да го собере износот што фараонот го бараше. Секому му наметна според неговата состојба, земаше сребро и злато што требаше да му го дава на фараонот Нехаон.

36. На Елијаким му беа дваесет и пет години кога стана цар, и царуваше единаесет години во Ерусалим. На мајка му името и беше Зевуда, ќерка Федаева, и беше од Рума.

37. Тој правеше што е зло во Господовите очи, сè како што правеа и неговите татковци.

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 23