Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 23:26-37 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. Сепак, Господ не се откажа од пламенот на Својот голем гнев со кој зовре против Јудејците заради сите предизвици со кои го лутеше Манасиј.

27. Господ одлучи: „Ќе ги отфрлам Јудејците од пред Себе, како што ги отфрлив Израелците; ќе ги отфрлам овој град што го избрав, Ерусалим, и Домот за кого реков: ‘Тука ќе биде Моето Име.’”

28. Другата Јосиева повест, и сè што направи, зар сè тоа не е запишано во книжниот свиток Летописи на јудејските цареви?

29. Во негово време фараонот Нехаон, египетскиот цар, тргна против асирискиот цар, на реката Еуфрат. Царот Јосиј тргна пред него, ама тој го уби во Мегидон, при првата средба.

30. Неговите слуги му го пренесоа телото со кола од Мегидон, го префрлија во Ерусалим и го погребаа во неговата гробница. Сиот народ на земјата го прими Јоахаз, синот Јосиев; го помазаа и го прогласија за цар место неговиот татко.

31. На Јоахаза му беа дваесет и три години кога се зацари. Царуваше три месеци во Ерусалим. Неговата мајка се викаше Амутала, ќерка Еремиева, од Ливна.

32. Тој правеше што е зло во Господовите очи, сè како што правеа неговите татковци.

33. Фараонот Нехаон го фрли во окови во Ривала, на подрачјето на Емат, за да не владее во Ерусалим, и и наметна на земјата данок од сто таланти сребро и десет таланти злато.

34. Фараонот Нехаон го постави за цар Елијаким, синот Јосиев, на местото на неговиот татко Јосиј, и му го промени името во Јоаким. А Јоахаза го зеде и го одведе во Египет, каде тој умре.

35. Елијаким му даде на фараонот сребро и злато, ама и наметна данок на земјата, за да го собере износот што фараонот го бараше. Секому му наметна според неговата состојба, земаше сребро и злато што требаше да му го дава на фараонот Нехаон.

36. На Елијаким му беа дваесет и пет години кога стана цар, и царуваше единаесет години во Ерусалим. На мајка му името и беше Зевуда, ќерка Федаева, и беше од Рума.

37. Тој правеше што е зло во Господовите очи, сè како што правеа и неговите татковци.

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 23