Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 21:21-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. Во сè го следеше патот на својот татко, им служеше на киповите на кои им служеше и неговиот татко, и им се клањаше.

22. Тој Го остави Господа, Бога на своите прататковци, и не одеше по Господовиот пат.

23. Амоновите стотници направија завера против него и го убија царот во дворецот.

24. Но простиот народ ги погуби сите оние кои што се заверија против царот и на неговото место го зацари син му Јосиј.

25. Другата Амонова повест, и сè што правел, зар сè тоа не е запишано во книжниот свиток Летописи на јудејските цареви?

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 21