Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 21:19-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. На Амон му беа дваесет и две години кога се зацари, а царуваше две години во Ерусалим. Неговата мајка се викаше Месулемета, ќерка Арусова, и беше од Јотева.

20. Тој правеше што е зло во Господовите очи, како што правеше неговиот татко Манасиј.

21. Во сè го следеше патот на својот татко, им служеше на киповите на кои им служеше и неговиот татко, и им се клањаше.

22. Тој Го остави Господа, Бога на своите прататковци, и не одеше по Господовиот пат.

23. Амоновите стотници направија завера против него и го убија царот во дворецот.

24. Но простиот народ ги погуби сите оние кои што се заверија против царот и на неговото место го зацари син му Јосиј.

25. Другата Амонова повест, и сè што правел, зар сè тоа не е запишано во книжниот свиток Летописи на јудејските цареви?

26. Го погребаа во гробницата на неговиот татко, во Озината Градина, а неговиот син Јосиј се зацари место него.

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 21