Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 21:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. На Манасиј му беа дваесет години кога се зацари. Царуваше педесет и пет години во Ерусалим. Неговата мајка се викаше Евси-Ва.

2. Правеше што е зло во очите на Господа, поведувајќи се по гнасностите на народите што Господ ги протера пред Израелевите синови.

3. Ги обнови високите места што неговиот татко Езекија ги обори, му подигна жртвеник на Ваал, направи ашери како што беше направил Ахав, израелскиот цар; и почна да и се клања на сета небеска војска и да и служи.

4. Подигна жртвеници и во Господовиот Дом, за кои Господ беше рекол: „Моето Име ќе престојува во Ерусалим.”

5. изгради жртвеници на сета небеска војска во двете преддворја на Господовиот Дом.

6. И своите синови ги помина низ оган. Вражаше, гаташе, создаде бајачи и привидувачи; направи премногу зло во Господовите очи, и го разгневи.

7. Даде да се изваја ликот на Ашера, и го постави во Домот, за кого Господ им беше рекол на Давида и на неговиот син Соломон: „Во овој Дом и во Ерусалим, што го избрав меѓу сите израелски племиња, ќе Го поставам Своето Име довека.

8. Не ќе оставам веќе ногата на Израелците да избега од земјата која им ја дадов во наследство на нивните татковци, само ако пазат и ако спроведуваат во дело сè што сум им заповедал: Законот што им го објави Мојот слуга Мојсеј.”

9. Но тие не послушаа, Манасиј ги заведе, та правеа уште полошо отколку народите што Господ ги откорна пред Израелевите синови.

10. Тогаш Господ зборуваше вака преку Своите пророци:

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 21