Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 20:15-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Исаија праша натаму: „Што видоа во твојот дворец?” Езекија одговори: „Видоа сè што е во мојот дворец; нема ништо во моите складови што не им покажав.”

16. Тогаш Исаија му рече на Езекија: „Чуј го Господовото слово:

17. ’Еве доаѓаат денови кога сè што е во твојот дворец, сè што насобрале твоите татковци до денес, ќе биде однесено во Вавилон. Ништо нема да остане, вели Господ.

18. А од синовите што ќе произлезат од тебе, што ќе ти се родат, некои ќе ги земат за да бидат скопени дворјанци во дворецот на вавилонскиот цар.’”

19. Езекија му одговори на Исаија: „Добро е словото што Господ ти го објави.” А мислеше: „Зошто не? Ако бидат мир и безбедност за време на мојот живот!”

20. Другата Езекиева повест, сите негови потфати, и како изградил рибник, и водовод за да ја доведе водата во градот, зар сè тоа не е запишано во книжниот свиток Летописи на јудејските цареви?

21. Езекија почина со своите татковци, а неговиот син Манасиј се зацари место него.

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 20