Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 19:25-37 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. Слушаш ли добро? Одамна тоа го подготвував, го смислував од искон, сега го остварувам тоа: на тебе е да ги претвориш тврдите градови во урнатини.

26. Нивните жители, немоќни, исплашени и збунети, беа како трева во полето, како младо зеленило, како трева врз покривите опалена од источниот ветар.

27. Знам кога се дигаш и кога седиш, кога излегуваш и кога се враќаш.

28. Зашто беснееше против Мене и зашто твојот бес дојде до Моите уши, ќе ти провнам прстен низ носалките, ќе ти ставам узда во устата, ќе те вратам по патот по кој што и дојде!

29. А ова нека ти биде знак: Во оваа година ќе се јаде тоа што само ќе се изрони, догодина тоа што само ќе порасте, а во третата година сејте и жнијте, садете ги лозјата, јадете им го родот.

30. Преживеаните од Јудиниот дом ќе пуштат жили во длабочина, ќе родат плод во висина.

31. Зашто Остатокот ќе излезе од Ерусалим, запазените од гората Сион. Сè тоа ќе го направи Господовата ревност.

32. Затоа Господ зборува вака за асирискиот цар: „Тој не ќе влезе во овој град, не ќе ги фрла своите стрели ваму, кон него ни штитот не ќе го заврти, ниту ќе копа насипи околу него.

33. Ќе се врати по патот по кој што и дојде, не ќе влезе во овој град” - Господово слово е.

34. Ќе го штитам овој град, ќе го спасам, заради Себе и заради Својот слуга Давид.”

35. Во истата ноќ Господов Ангел излезе и погуби сто осумдесет и пет илјади во асирискиот логор. Наутро, кога требаше да се стане, ете, таму беа сè само мртовци.

36. Сенахирим го крена логорот и си отиде. Се врати и живееше во Нинива.

37. Еден ден, додека се клањаше во храмот на својот бог Нисрок, неговите синови Адрамелех и Сарсар го убија со меч и пребегаа во Араратската земја. На негово место се зацари син му Есар Адон.

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 19