Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 18:33-37 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

33. Дали боговите на другите народи ги избавија своите земји од рацете на асирискиот цар?

34. Каде се боговите ематски и арфадски, каде се боговите сефарваимски, енски и авски, каде се самариските богови за да ја избават Самарија од мојата рака?

35. Кои од сите богови на тие земји ја избавија својата земја од мојата рака, за да го избави Господ Ерусалим од мојата рака?’”

36. Молчеа, и не одговорија ниту збор, зашто царот беше заповедал: „Не одговорувајте му!”

37. Управителот на дворецот Елијаким, синот Хелкиев, писарот Сомна и советникот Јоах, синот Асафов, дојдоа кај Езекија, раскинувајќи ги облеките, и му ги соопштија зборовите на големиот достоинственик.

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 18