Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 18:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во третата година на царувањето на Осиј, синот Илин, во Израел, јудејски цар стана Езекија, синот Ахазов.

2. Му беа дваесет и пет години кога се зацари. Царуваше дваесет и девет години во Ерусалим. Името на мајка му беше Авија, ќерката Захариева.

3. Правеше што е право во Господовите очи, сосем како неговиот татко Давид.

4. Тој ги отстрани високите места, ги разурна столбовите, ги исече ашерите и ја скрши змијата од бронза, што ја беше направил Мојсеј. Израелците сè дотогаш и принесуваа жртви. Ја викаа Неустан.

5. Се надеваше во Господа, Израелевиот Бог. Ни пред него ни по него му немаше рамен меѓу јудејските цареви.

6. Се прилепи кон Господа и никогаш не се сврти од Него. Ги пазеше сите заповеди што ги даде Господ преку Мојсеја.

7. И Господ беше со него, го помагаше во сите негови потфати. Се побуни против асирискиот цар и веќе не му беше потчинет.

8. Тој ги разби Филистејците до Газа, ги запусте нивните подрачја, од стражарските кули сè до утврдените градови.

9. Во четвртата година на Езекиевото владеење, а тоа беше седмата година од царувањето на израелскиот цар Осиј, синот Илин, асирискиот цар Салманасар ја нападна Самарија и ја опсади.

10. Ја освои после три години. Во шестата година на Езекиевото владеење, а во деветтата година на израелскиот цар Осиј, падна Самарија.

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 18