Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 17:27-36 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. Тогаш асирискиот цар ја издаде оваа заповед: „Еден од свештениците, кои ги доведов оттаму во ропство, нека оди онаму; нека оди, нека се насели таму и нека ги поучи во почитувањето на Бога на онаа земја.”

28. Така отиде еден од свештениците кои беа одведени од Самарија и се насели во Ветил. Тој ги поучи како треба да се почитува Бог.

29. Секој народ имаше ликови на своите богови, и ги поставија во храмовите на високите места кои ги подигнаа Самаријците, секој народ во своите градови во кои што живееше.

30. Вавилонците го направија Сокхот-Венот, Хутците Нергал, Ематците Асима;

31. Авијците ги направија Ниваз и Тартак, а Сефарваимците ги спалуваа своите деца во оган во чест на Адрамелех и Анамелех, сефарваимските богови.

32. Тие Го почитуваа и Господа, и поставија некои луѓе меѓу себе за свештеници на високите места, кои им ги принесуваа жртвите во домовите на високите места.

33. Го почитуваа Господа и им служеа на своите богови според обичаите на оние народи откаде ги преселија.

34. Тие уште и денес ги пазат старите обичаи. Не се плашат од Господа и не ги ускладуваат своите правила и обичаи со Законот и со заповедите што Господ им ги нареди на децата на Јакова кому му го даде името Израел.

35. Господ беше склучил Завет со нив и им заповеда: „Не почитувајте ги туѓите богови ниту им се клањајте. Немојте да им служите ниту да им принесувате жртви.

36. Само Господ е Оној Кој со големата сила на својата протегната рака ве изведе од Египетската Земја; почитувајте Го Него, клањајте Му се Нему и принесувајте Му жртви Нему.

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 17