Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 16:7-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Тогаш Ахаз испрати пратеници при асирскиот цар Теглат Феласар да му речат: „Јас сум твој слуга и твој син! Дојди и избави ме од рацете на арамејскиот цар и на царот на Израел, кои се подигнаа против мене.”

8. Ахаз ги зеде среброто и златото што се наоѓаа во Господовиот Дом и во благајните на царскиот дворец, и му испрати сè како дар на асирискиот цар.

9. И асирискиот цар го послуша: отиде против Дамаск и го освои. Жителите ги одведе во Кир, а Ресина го погуби.

10. Царот Ахаз отиде во Дамаск во пресрет на асирискиот цар Теглат Феласар. И го виде жртвеникот што беше во Дамаск. Тогаш царот Ахаз му ги испрати на свештеникот Уриј мерките на жртвеникот, неговиот нацрт и сите подробности на неговата градба.

11. Свештеникот Уриј изгради жртвеник; сите напатствија што царот Ахаз ги испрати од Дамаск, свешетеникот Уриј ги изврши пред да се врати царот Ахаз од Дамаск.

12. Откако царот Ахаз стигна од Дамаск, го виде жртвеникот, му пристапи и принесе жртва.

13. Ги изгоре врз жртвеникот својата паленица и својот лебен принос, ја излеа својата налевница и со крвта од помирителната жртва го попрска жртвеникот.

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 16