Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 16:17-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Царот Ахаз ги извади рамките од подножјата; од нив ги извади и мијалниците. А бронзеното море го спушти од воловите што стоеја под него и го стави врз камениот под.

18. Пред асирискиот цар ги отстрани од Господовиот Дом Саботниот Ходник што го беа изградиле, и надворешниот царски пристап.

19. Другата Ахазова повест, и сè што направи, зар сè тоа не е запишано во книжниот свиток Летописи на јудејските цареви?

20. Ахаз почина со своите татковци, и е погребан во Давидовиот Град. На негово место се зацари син му Езекија.

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 16