Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 16:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во седумнаесеттата година на царувањето на Факеј, синот Ремалиев, јудејски цар стана Ахаз, синот Јотамов.

2. На Ахаза му беа дваесет години кога се зацари, а царуваше шеснаесет години во Ерусалим, но не правеше што е право во очите на Господа, својот Бог, како што го правеше тоа неговиот предок Давид.

3. Живееше слично на израелските цареви, и самиот го поминуваше својот син низ оган по гнасниот обичај на народите што Господ ги протера пред Израелевите синови.

4. Принесуваше жртви и кадеше по високите места и по брежињата и под секое зелено дрво.

5. Тогаш арамејскиот цар Ресин и Факеј, синот Ремалиев, цар на Израел, тргнаа во војна против Ерусалим. Го опсадија, но не можеа да го освојат.

6. Во тоа време арамејскиот цар Ресин им го врати Елат на Едомците; ги протера Јудејците од Елат, и Едомците влегоа во него, и таму останаа до денес.

7. Тогаш Ахаз испрати пратеници при асирскиот цар Теглат Феласар да му речат: „Јас сум твој слуга и твој син! Дојди и избави ме од рацете на арамејскиот цар и на царот на Израел, кои се подигнаа против мене.”

8. Ахаз ги зеде среброто и златото што се наоѓаа во Господовиот Дом и во благајните на царскиот дворец, и му испрати сè како дар на асирискиот цар.

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 16