Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 15:8-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Во триесет и осмата година на Азариевото царување во Јудеја, израелски цар во Самарија за шест месеци стана Захариј, синот Јеровоамов.

9. Тој правеше сè што е зло во Господовите очи, како што правеа неговите татковци; не отстапуваше од гревовите на Јеровоам, синот Наватов, кој го наведе на грев Израел.

10. Салум, синот Јависов, се побуни против него; го удри и го усмрти во Иблеам, те се зацари место него.

11. Другата повест на Захариј е запишана во книжниот свиток Летописи на израелските цареви.

12. Се исполни словото што Господ му го рече на Јуј: „Твоите синови ќе седат на Израелевиот престол се до четвртото колено.” И така беше.

13. Салум, синот Јависов, стана цар во триесет и деветтата година на царувањето на Озиј, јудејскиот цар, и царуваше месец дена во Самарија.

14. Менаим, синот Гадиев, се дигна од Терса, дојде во Самарија, та го удри Салума, синот Јависов, го усмрти и се зацари место него.

15. Другата повест Салумова, и заверата што ја направи, сè е запишано во книжниот свиток Летописи на израелските цареви.

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 15