Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 15:5-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Но Господ го удри царот, тој остана лепрозен до смртта. Живееше во оддвоена куќа. Царевиот син Јотам беше управител на дворецот и му судеше на народот во земјата.

6. Другата Азариева повест и сè што направи, зар сè тоа не е запишано во книжниот свиток Летописи на јудејските цареви?

7. Азариј почина, и го погребаа покрај неговите татковци во Давидовиот Град. А на негово место се зацари неговиот син Јотам.

8. Во триесет и осмата година на Азариевото царување во Јудеја, израелски цар во Самарија за шест месеци стана Захариј, синот Јеровоамов.

9. Тој правеше сè што е зло во Господовите очи, како што правеа неговите татковци; не отстапуваше од гревовите на Јеровоам, синот Наватов, кој го наведе на грев Израел.

10. Салум, синот Јависов, се побуни против него; го удри и го усмрти во Иблеам, те се зацари место него.

11. Другата повест на Захариј е запишана во книжниот свиток Летописи на израелските цареви.

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 15