Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 15:10-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Салум, синот Јависов, се побуни против него; го удри и го усмрти во Иблеам, те се зацари место него.

11. Другата повест на Захариј е запишана во книжниот свиток Летописи на израелските цареви.

12. Се исполни словото што Господ му го рече на Јуј: „Твоите синови ќе седат на Израелевиот престол се до четвртото колено.” И така беше.

13. Салум, синот Јависов, стана цар во триесет и деветтата година на царувањето на Озиј, јудејскиот цар, и царуваше месец дена во Самарија.

14. Менаим, синот Гадиев, се дигна од Терса, дојде во Самарија, та го удри Салума, синот Јависов, го усмрти и се зацари место него.

15. Другата повест Салумова, и заверата што ја направи, сè е запишано во книжниот свиток Летописи на израелските цареви.

16. Тогаш Менаим ја разурна Тапса и сè што беше во неа, и неговото подрачје од Терса, зашто не му ја отворија вратата. Ја разурна и ги прободе сите трудници во неа.

17. Во триесет и деветтата година на царувањето на Азариј во Јудеја, Менаим, синот Гадиев, стана цар на Израел. Царуваше десет години во Самарија.

18. Правеше што е зло во Господовите очи; не отстапуваше од гревовите на Јеровоам, синот Наватов, кој го заведе Израел, во сите свои денови.

19. Во негово време, Фул, царот на Асирија, ја освои земјата. Менаим му даде на Фула илјада таланти сребро за да му помогне да ја зацврсти царската власт во своите раце.

20. Менаим ги собра тие сребреници од Израел, од сите имотни луѓе, за да би можел да му ги даде на асирискиот цар. Беа по педесет шекели од човек. Така асирискиот цар се врати и не остана таму во земјата.

21. Другата повест на Менаим, и сè што направи, зар сè тоа не е запишано во книжниот свиток Летописи на израелските цареви?

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 15