Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 15:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во дваесет и седмата година на царувањето на Јеровоам, израелскиот цар, јудејски цар стана Азариј, синот Амасиин.

2. Му беа шеснаесет години кога се зацари, а царуваше педесет и две години во Ерусалим. Мајка му се викаше Ехолија, а беше од Ерусалим.

3. Правеше што е право во Господовите очи, сосем како и неговиот татко Амасиј.

4. Само не ги разурна високите места, и народот уште принесуваше жртви и кадеше на високите места.

5. Но Господ го удри царот, тој остана лепрозен до смртта. Живееше во оддвоена куќа. Царевиот син Јотам беше управител на дворецот и му судеше на народот во земјата.

6. Другата Азариева повест и сè што направи, зар сè тоа не е запишано во книжниот свиток Летописи на јудејските цареви?

7. Азариј почина, и го погребаа покрај неговите татковци во Давидовиот Град. А на негово место се зацари неговиот син Јотам.

8. Во триесет и осмата година на Азариевото царување во Јудеја, израелски цар во Самарија за шест месеци стана Захариј, синот Јеровоамов.

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 15