Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 14:6-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Но не ги погуби синовите на тие убијци, според она што е напишано во книжниот свиток на Мојсеевиот закон, каде Господ заповеда: „Татковците нека не бидат погубувани заради синовите ни синовите за татковците, туку секој нека гине за својот грев.”

7. Тој ги разби Едомците во Солената Долина, нив десет илјади, и во битката ја зазеде Села; и го даде името Јоктиел, што го носи до денешниот ден.

8. Тогаш Амасиј му испрати гласници на израелскиот цар Јоас, синот на Јујовиот син Јоахаз, и му порача: „Дојди да се видиме лице в лице!”

9. А израелскиот цар Јоас му одговори на јудејскиот цар Амасиј: „Ливанскиот трн еднаш му испрати гласници на ливанскиот кедар: ‘Дај му ја ќерка ти на мојот син за жена,’ ама дивите ливански ѕверови поминаа и го изгазија трнот.

10. Ги разби Едомците, па срцето ти збесна и бараш слава! Подобро остани дома. Зошто го предизвикуваш злото и сакаш да пропаднеш ти и сите Јудејци со тебе?”

11. Ама Амасиј не послуша. Израелскиот цар Јоас излезе, та се сретнаа во бој, тој и јудејскиот цар Амасиј во Вет Семес, во Јудеја.

12. Израелците ги поразија Јудејците, и тие избегаа секој под својот шатор.

13. Израелскиот цар Јоас го фати во Вет Семес јудејскиот цар Амасиј, синот Јоасов, синот Охозиин, и го одведе во Ерусалим. Тогаш го разурна ерусалимскиот ѕид од Ефремовата Врата до Аглената Врата, во должина од четири стотини лакти.

14. Откако го зеде сето злато, сребро и садовите што се наоѓаа во Господовиот Дом и во ризницата на царскиот дворец, освен тоа и заложници, се врати во Самарија.

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 14