Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 14:25-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. Тој го доби назад израелското подрачје од Влезот во Емат до Мртвото Море, според словото што Господ, Израелевиот Бог, го рече преку Својот слуга Јона, синот Аматиев, пророк од Гат Ефер.

26. Зашто Господ ја виде лутата неволја на Израел, дека веќе нема ни слободни ни робови и никој да му помогне на Израел.

27. Но Господ не одлучи да го избрише Израелевото име под небото: го спаси со раката на Јеровоам, синот Јоасов.

28. Другата Јеровоамова повест, сè што направи и сè што преземал, како војуваше и како им го врати Дамаск на Јуда и на Израел, зар сè тоа не е запишано во книжниот свиток Летописи на израелските цареви?

29. Јеровоам почина со своите татковци. Го погребаа во Самарија, покрај израелските цареви, а неговиот син Захариј се зацари место него.

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 14