Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 14:12-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Израелците ги поразија Јудејците, и тие избегаа секој под својот шатор.

13. Израелскиот цар Јоас го фати во Вет Семес јудејскиот цар Амасиј, синот Јоасов, синот Охозиин, и го одведе во Ерусалим. Тогаш го разурна ерусалимскиот ѕид од Ефремовата Врата до Аглената Врата, во должина од четири стотини лакти.

14. Откако го зеде сето злато, сребро и садовите што се наоѓаа во Господовиот Дом и во ризницата на царскиот дворец, освен тоа и заложници, се врати во Самарија.

15. Другата Јоасова повест, сè што направи и преземал, и како војувал со Амасиј, јудејскиот цар, зар сè тоа не е запишано во книжниот свиток Летописи на израелските цареви?

16. Јоас почина со своите татковци и е погребан во Самарија покрај израелските цареви. Неговиот син Јеровоам се зацари место него.

17. Амасиј, синот Јоасов, јудејскиот цар, живееше уште петнаесет години по смртта на израелскиот цар Јоас, синот Јоахазов.

18. А другата Амасиева повест, зар не е запишана во книжниот свиток Летописи на јудејските цареви?

19. Против него направија завера во Ерусалим. Иако тој избега во Лахис, испратија по него во Лахис луѓе кои го убија таму.

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 14