Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 13:7-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Господ му остави на Јоахаз само педесет коњаници како војска, десет бојни коли и десет илјади пешаци; арамејскиот цар ги беше уништил и згазил како прав при вршење.

8. Другите Јоахазови дела, сè што направи и што преземал, зар сè тоа не е запишано во книжниот свиток Летописи на израелските цареви?

9. Јоахаз почина со своите татковци, и беше погребан во Самарија, а неговиот син Јоас се зацари место него.

10. Во триесет и седмата година на царувањето на јудејскиот цар Јоас - Јоас, синот Јоахазов, стана израелски цар во Самарија.

11. Правеше што е зло во очите на Господа. Не отстапуваше од гревовите на Јеровоам, синот Наватов, кој го заведе Израел. Се поведе по него.

12. Другата Јоасова повест, сè што направи, неговите јунаштва, како војуваше со Амасиј, јудејскиот цар, зар сè тоа не е запишано во книжниот свиток Летописи на израелските цареви?

13. Јоас почина со своите татковци, а Јеровоам се искачи на неговиот престол. Го погребаа Јоаса во Самарија, покрај израелските цареви.

14. Кога Елисеј се разболе од болест од која што требаше да умре, му дојде израелскиот цар Јоас, се расплака над него и му рече: „Татко мој, татко мој! Израелева кола и неговите коњаници!”

15. Елисеј му рече: „Земи лак и стрели.” И тој ги зеде лакот и стрелите.

16. Тогаш Елисеј му рече на царот: „Оптегни го лакот!” И тој го оптегна. Елисеј ги стави рацете врз царевите раце,

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 13