Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 12:6-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Но во дваесет и третата година на царувањето на Јоас свештениците уште не го поправија Домот.

7. Тогаш царот Јоас ги повика свештеникот Јодај и другите свештеници и им рече: „Зошто не го поправувате Домот? Отсега веќе не смеете да земате сребреници од своите познати, туку треба да ги дадете за поправка на Домот.”

8. Свештениците се согласија да не земаат сребреници од народот, ама да не го поправаат ни Домот.

9. Тогаш свештеникот Јодај зеде ковчег, засече отвор врз капакот и го стави покрај жртвеникот, десно од влезот во Господовиот Дом. Свештениците, чуварите на вратата, ги ставаа во него сите сребреници собрани во Господовиот Дом.

10. Кога ќе се видеше дека во ковчегот има многу сребреници, ќе дојдеше царевиот тајник со великиот свештеник, та ќе ги преброеја и ќе ги врзеа сребрениците што се наоѓаа во Господовиот Дом.

11. Преброените сребреници му беа врачувани на управителите на работите за поправка на Господовиот Дом, а тие им исплаќаа на дрводелците и на градежниците, кои работеа во Господовиот Дом,

12. и на ѕидарите и на делкачите на камен, и за набавување на дрво и на делкан камен, одредени за поправка на Господовиот Дом, накратко: за трошоците за поправката на Домот.

13. Но во Господовиот Дом не се правеа сребрени чаши, ни ножеви, ни котлиња, ни труби, ниту било каков предмет од злато или од сребро за сребрениците што беа подарени,

14. туку им ги даваа на работниците кои ги главија за поправка на Господовиот Дом.

15. Не се бараше сметка од луѓето на кои им ги предаваа сребрениците за да ги дадат на трудбениците, зашто тие работеа совесно.

16. Сребрениците од надоместоците за престап и за грев не се внесуваа во Господовиот Дом, туку им припаѓаа на свештениците.

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 12