Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 11:4-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Во седмата година Јодај испрати по стотниците на Каријците и по телесната стража, и ги повика кај себе во Господовиот Дом. Склучи со нив договор, ги заколна во Господовиот Дом и им го покажа царевиот син.

5. И им рече: „Еве што треба да направите: третината од вас што доаѓате во сабота нека чува стража кај царскиот дворец.

6. Втората третина, онаа кај Урската Врата, и третата третина, онаа кај задната стражарска врата, нека чуваат стража кај влезот во дворецот;

7. а останатите ваши два одреда, сите кои што во сабота излегуваат од служба, нека чуваат стража во Господовиот Дом кај царот.

8. Така ќе го опкружите царот, секој со оружје во раката. И кој ќе се обиде да помине низ вашите редови, нека биде погубен. Бидете покрај царот каде и да тргне или да излезе.”

9. Стотниците направија сè како што им нареди свештеникот Јодај. Секој од нив ги зеде своите луѓе кои што во сабота влегуваа на служба со оние кои во сабота излегуваа. И сите дојдоа кај свештеникот Јодај.

10. Јодај им ги даде на стотниците копјата и штитовите на царот Давид што беа во Господовиот Дом.

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 11