Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 11:12-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Тогаш Јодај го изведе царевиот син, му стави круна и му го даде Сведоштвото и го помаза за цар. Плескаа со рацете и викаа: „Да живее царот!”

13. Кога Готолија ја чу виката на народот, дојде кај народот во Господовиот Дом.

14. Погледа подобро, кога ете, царот, според обичајот, стои на своето место, а пред царот повелници и свирачи; сиот народ воскликнува од радост и труби во труби. Тогаш Готолија ги раскина облеките и извика: „Предавство! Предавство!”

15. Свештеникот Јодај им нареди на стотниците и воените заповедници: „Изведете ја низ редовите, и кој ќе тргне по неа, погубете го со меч.” Уште свештеникот додаде: „Немојте да ја погубите во Господовиот Дом.”

16. Ги ставија рацете на неа, а кога низ Коњската Врата стигнаа до царскиот дворец, таму ја погубија.

17. Тогаш Јодај склучи Завет меѓу Господа и царот и народот; и меѓу царот и народот за да биде народот Господов народ.

18. Потоа сиот народ отиде во Валовиот храм, и го разурнаа, ги срушија жртвениците и ги искршија ликовите; а Валовиот свештеник Матан го убија пред жртвениците. А свештеникот пак постави стражи кај Господовиот Дом.

19. Потоа ги зеде стотниците на Каријците, стражата и сиот народ. Тие го изведоа царот од Господовиот Дом и го воведоа во дворецот низ Стражарската Врата. И Јоас седна на царскиот престол.

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 11