Откако си отиде оттаму, го најде Јонадава, синот Рихавов, кој му доаѓаше во пресрет. Тој го поздрави и му рече: „Дали е твоето срце искрено спрема моето, како што е моето кон твоето?” Јонадав одговори: „Искрено е.” - „Ако е така, дај ми ја раката.” Јонадав му ја испружи раката, и Јуј го стави покрај себеси во колата.