Стар Завет

Нов Завет

2 Самоилова 7:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Кога Давид се настани во својот дом и кога Господ му даде мир од сите негови непријатели наоколу,

2. царот му рече на пророкот Натан: „Погледај! Еве, јас живеам во дом од кедровина, а Божјиот Ковчег стои под шатор.”

3. А Натан му одговори на царот: „Оди и прави сè што ти е на срце, зашто Господ е со тебе.”

4. Но во истата ноќ на Натана му дојде оваа Господово слово:

5. ”Оди и речи му на Мојот слуга Давид: ‘Господ зборува вака: „Зар ти ќе ми изградиш куќа, за да престојувам во неа?

6. Никогаш не престојував во куќа откако ги изведов Израелевите синови од Египет па до денешниот ден, туку бев скитник под шатор и во Престојувалиштето.

7. Додека одев со сите Израелеви синови, дали му реков еден збор на некој од израелевите судии, на кои им заповедав да бидат пастири на Мојот израелски народ, и дали кажав: ‘Зошто не ми изградите дом од кедрово дрво?’”‘

8. Затоа сега речи му го ова на Мојот слуга Давид: ‘Господ над Воинствата зборува вака: „Јас те доведов од стадото на овците, за да бидеш водач над Мојот израелски народ.

9. Бев со тебе каде и да одеше, ги откорнав сите твои непријатели пред тебе. Јас ќе ти дадам големо име, како што е името на големците на земјата.

10. Ќе му одредам место на Својот израелски народ, ќе го посадам, за да живее на свое место и да не скита веќе наоколу, ниту злосторниците да го мачат како порано,

Прочитајте целосна глава 2 Самоилова 7