Стар Завет

Нов Завет

2 Самоилова 6:10-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Затоа Давид не сакаше да го премести Господовиот Ковчег кај себе, во Давидовиот Град, туку го смести во куќата на Овид-Едом од Гет.

11. И Господовиот Ковчег остана во куќата на Овид-Едома гетеецот три месеци, и Господ го благослови Овид-Едома и сиот негов дом.

12. Кога му соопштија на царот дека Господ го благослови Овид-Едомовото семејство и сиот негов имот заради Божјиот Ковчег, Давид отиде и го пренесе Божјиот Ковчег од Овид-Едомовата куќа горе во Давидовиот Град со голема веселба.

13. Туку што носачите на Божјиот Ковчег пречекорија шест чекори, Давид жртвува вол и згоен овен.

14. Давид играше со сета сила пред Господа, а беше наметнат само со ленен наплеќник.

15. Така Давид и сиот Израелев дом го носеа горе Господовиот Ковчег, воскликнувајќи со трубни звуци.

16. А кога Господовиот Ковчег влегуваше во Давидовиот Град, Сауловата ќерка Михала, гледаше низ прозорецот и го виде царот Давид како скока и игра пред Господа, и таа го презре во своето срце.

17. Тогаш го внесоа Господовиот Ковчег и го поставија сред шаторот што му го беше оптегнал Давид. Тогаш Давид принесе пред Господа паленици и помирителни жртви.

18. Откако ги принесе палениците и помирителните приноси, Давид го благослови народот со името на Господа на Силите.

19. Потоа им подели меѓу сиот народ, меѓу сето Израелево мноштво, на мажите и на жените, секому по еден леб, по едно парче месо и колач од суво грозје. Потоа сиот народ се разотиде, секој во својата куќа.

20. Кога Давид се врати дома за да го благослови своето семејство, Сауловата ќерка Михала му излезе во пресрет на Давида и му рече: „Колку чесно се однесуваше денес Израелевиот цар кога се откри пред очите на слугинките на своите слуги како што се открива суетен човек!”

21. Но Давид и одговори на Михала: „Јас играм пред Господа! Така ми живиот Господ, Кој ме избра место твојот татко и место сиот негов дом, за да ме постави за водач на Израел, на Господовиот народ: ќе играм пред Господа!

22. И уште повеќе ќе се понижам. Ќе бидам незначителен во своите очи, ама пред слугинките за кои што зборуваш, пред нив ќе бидам во чест.”

23. А Михала, Сауловата ќерка, немаше пород до денот на својата смрт.

Прочитајте целосна глава 2 Самоилова 6