Стар Завет

Нов Завет

2 Самоилова 4:2-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. А Сауловиот син Исвостеј имаше двајца водачи на своите чети: еден се викаше Вана, а вториот Рихав; му беа синови на Римон Вироќанецот од Венијаминовото племе, зашто Римон се вбројуваше кон Венијамина.

3. А Вироќанците беа пребегале во Гитаим, каде што останаа како придојденци до денешниот ден.

4. Сауловиот син Јонатан имаше син хром на двете нозе. Нему му беа пет години кога од Езраел дојде глас за Сауловото и Јонатановото загинување. Неговата гледачка го дигнала и избега, но заради брзината на бегството детето падна и остана хромо. Името му беше Мефивостеј.

5. Синовите на Вироќанецот Римон, Рихав и Вана, се кренаа и дојдоа во време на најголемата дневна горештина до куќата на Исвостеј, а тој токму ја спиеше пладневната починка.

6. (А вратарката, чистејќи пченица, беше задремала та спиеше.) И влегоа таму до средината на куќата како дека ќе земат жито, го удрија во желудникот и избегаа зашто

Прочитајте целосна глава 2 Самоилова 4