Стар Завет

Нов Завет

2 Самоилова 3:2-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. На Давида му се родија синови во Хеврон. Првенец му беше Амнон, од Езраелката Ахиноама;

3. вториот му беше Хилеав, од Авигеја, Наваловата жена, од Кармил; третиот Авесалом, син на Маха, ќерка на гесурскиот цар Талмај;

4. четвртиот Адониј, син Агитин; петтиот Сефатиј, син Авиталин;

5. шестиот Итрам, од Егла, Давидова жена. Тие му се родија на Давида во Хеврон.

6. Додека траеше војната меѓу Сауловата куќа и Давидовата куќа, Авенир ја присвојуваше, малку по малку, сета власт во Сауловата куќа.

7. А во куќата беше Сауловата соложница по име Ресфа, ќерка Аина: неа ја зеде Авенир кај себе. А Исвостеј го праша Авенира: „Зошто и се доближи на соналожницата на мојот татко?”

8. На тие Исвостееви зборови Авенир се разгневи и рече: „Зар сум јас кучешка глава во Јуда? До денес им правев само добро на домот на твојот татко Саул, на неговите браќа и на неговите пријатели; не дозволив да паднеш во Давидовите раце, а ти ме прекоруваш денес заради обична жена!

9. Нека Бог му го направи на Авенира ова зло и нека му додаде друго ако не направам како што Господ му се заколна на Давида:

10. дека ќе и го одземе царството на Сауловата куќа и дека ќе го зацврсти Давидовиот престол над Израел и над Јуда од Дан до Вирсавеа!”

Прочитајте целосна глава 2 Самоилова 3