поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24

Стар Завет

Нов Завет

2 Самоилова 24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Уште еднаш Господовиот гнев пламна на Израелците та го поттикна Давида против нив, зборувајќи: „Оди, изброј ги Израелците и Јудејците!”

2. И царот им заповеда на Јоав и на војводите кои беа со него: „Посетете ги сите Израелеви племиња од Дан до Вирсавеа и изброите го народот, за да знам колку народ има.”

3. Јоав му одговори на царот: „Господ, твојот Бог, нека му даде на Својот народ уште стопати толку колку што го има сега, и тоа нека го види мојот господар цар, ама зошто мојот господар цар има таква желба?”

4. Ама царскиот збор беше посилен од зборовите на Јоава и на војводите на неговата војска. Така Јоав и војводите отидоа од кај царот за да го избројат Израелскиот народ.

5. Тие поминаа преку Јордан и почнаа кај Ароир и кај градот што лежи сред долината и тргнаа оттаму кон Гадците и кон Јазир.

6. Потоа дојдоа во Галад и во земјата на Хетејците, во Кадис; потоа стигнаа во Дан, а од Дан свртија спрема Сидон.

7. Потоа дојдоа до крепоста Тир, и во сите градови на Евејците и Ханаанците, и го завршија својот пат во Јудиниот Негев, во Вирсавеа.

8. Откако ја обиколија сета земја се вратија по девет месеци и дваесет денови во Ерусалим.

9. Јоав му го даде на царот пописот на народот: Израелците беа осум стотини илјади борци вешти со меч, а Јудејците пет стотини илјади луѓе.

10. Потоа Давида почна да го пече совеста зашто даде да се брои народот, па му рече на Господа: „Многу згрешив дека го направив тоа! Ама, Господи, прости му ја таа вина на својот слуга, зашто постапив крајно неразумно.”

11. Кога Давид стана наутро, Господовото слово веќе му беше дошло на пророкот Гад, Давидовиот гледач:

12. ”Оди и кажи му на Давида: ‘Вака зборува Господ: „Три нешта ставам пред тебе, избери едно од нив, да ти сторам!”‘“

13. Така Гад дојде кај Давида и му го соопшти ова: „Сакаш ли да дојдат три гладни години во твојата земја, или да бегаш три месеци пред своите непријатели кои ќе те гонат, или да има три дни помор во твојата земја? Сега размисли и гледај што да Му одговорам на Оној, Кој ме пратил!”

14. Давид му одговори на Гад: „На голема мака сум! Но нека паднеме во рацете на Господа, зашто е големо Неговото милосрдие, а нека не паднам во човечки раце!”

15. И така Давид го избра поморот. Токму беше време на пченичната жетва. Господ пушти помор на Израел од утрото па до одреденото време; и поморот удри по народот, и умреа седумдесет илјади луѓе од Дан до Вирсавеа.

16. Кога ангелот ја протегна својата рака на Ерусалим за да го уништи, на Господа му се сожали заради тоа зло, па му рече на ангелот кој го убиваше народот: „Доста е сега! Повлечи ја својата рака!” А Господовиот ангел беше токму кај гумното на Евусеецот Орнан.

17. Кога Давид го виде ангелот кој го убиваше народот, извика кон Бога: „Еве, јас згрешив, јас направив зло! А тие, овците, што скривија? Твојата рака нека падне врз мене и врз моето семејство!”

18. Во истиот ден дојде Гад кај Давида и му рече: „Оди и подигни Му на Господа жртвеник на гумното на Евусеецот Орнан!”

19. И Давид отиде според Гадовите зборови, како што Му заповеда Господ.

20. Кога Орнан погледна, ги забележа царот и неговите дворјанци како што одат кон него. Орнан излезе и му се поклони на царот со лицето до земја.

21. Орнан праша: „Зошто мојот господар цар дојде кај својот слуга?” А Давид одговори: „За да го купи од тебе ова гумно, за да Му изгради жртвеник на Господа, па да прекрати поморот во народот.”

22. Орнан му рече на Давида: „Мојот господар и цар нека го земе и нека жртвува она што е добро во неговите очи! Еве говеда за паленици, млатови и волска спрема за дрва!

23. Сè тоа слугата на мојот господар цар му го подарува на царот!” Уште му рече Орнан на царот: „Господ, твојот Бог, нека ти биде милостив!”

24. Но царот му одговори на Орнан: „Не, туку сакам да купам од тебе и да платам; нема да Му принесувам на Господа, својот Бог, паленици што ми се подарени.” И така Давид ги купи гумното и говедата за педесет сребрени сикли.

25. Таму Давид Му изгради жртвеник на Господа и принесе паленици и помирителни жртви. Тогаш Господ и се смилува на земјата, и прекрати поморот во Израел.