Стар Завет

Нов Завет

2 Самоилова 23:20-32 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. Синот Јодаев Венаја, јунак од Кавсеила, богат со јуначки дела, му ги уби двата сина на Ариел од Моав; тој во еден снежен ден слезе и уби лав сред јамата.

21. Уби и некој Египетец, крупен човек. Египетецот имаше копје во раката, а тој излезе пред него со стап: истргнувајќи му го на Египетецот копјето од раката, го уби со неговото копје.

22. Тоа го направи Јодаевиот син Венаја и се прослави меѓу триесетмината јунаци.

23. Беше најпознат меѓу триесетмината, ама не ги достигна оние први три; Давид го постави за заповедник на своите телохранители.

24. Асаил, братот Јоавов, беше меѓу триесетмината. Потоа: Елханан син Додонов, од Витлеем;

25. Сама, од Арод; Елика од Арод;

26. Хелис, од Фалет; Ира син Икисов, од Текоја;

27. Авиезер, од Анатот; Сибекај, од Хуса;

28. Ахохиецот Салмон, Нетофатецот Марај;

29. Хелев, синот Ванин, од Нетофа; Итај, синот Ривеев, од Гаваја на Венијаминовите синови;

30. Венаја од Пиратон; Идај од Гаскиот Поток;

31. Ави Алвон, од Вет Арава; Азмавет, од Варуим;

32. Елијав, од Салвона; Јасин, син Јонатанов;

Прочитајте целосна глава 2 Самоилова 23