19. Тој се одликуваше меѓу триесетмината и стана нивни главатар, ама не ги достигна тројцата.
20. Синот Јодаев Венаја, јунак од Кавсеила, богат со јуначки дела, му ги уби двата сина на Ариел од Моав; тој во еден снежен ден слезе и уби лав сред јамата.
21. Уби и некој Египетец, крупен човек. Египетецот имаше копје во раката, а тој излезе пред него со стап: истргнувајќи му го на Египетецот копјето од раката, го уби со неговото копје.
22. Тоа го направи Јодаевиот син Венаја и се прослави меѓу триесетмината јунаци.
23. Беше најпознат меѓу триесетмината, ама не ги достигна оние први три; Давид го постави за заповедник на своите телохранители.
24. Асаил, братот Јоавов, беше меѓу триесетмината. Потоа: Елханан син Додонов, од Витлеем;