Стар Завет

Нов Завет

2 Самоилова 22:7-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. во неволја го повикав Господа и извикав кон својот Бог. Од Својот Дом го чу мојот повик и моето викање стигна до Неговите уши.

8. И земјата се стресе и се растрепери, се растресоа основите на небесата, се раздвижија, зашто Тој пламна со гнев.

9. Од Неговите носалки се дига дим, од Неговата уста избувна оган, живожарица пламти од Него.

10. Тој ги наведна небесата и слезе, под Неговите нозе - мрачни облаци.

11. Застана над херувим и полета; заброди врз крилјата на ветерот.

12. Се наметна со мракот како со превез, се покри со темни води и со густи облаци,

13. од блесокот пред Неговото лице пламнаа огнени јаглења.

14. Господ загрми од небото, гласот на Сèвишниот ечи.

15. Ги оптегна стрелите и ги распрсна враговите, фрли молњи и ги обори на земјата.

16. Морските дна се покажаа, и основите на светот станаа голи од страшната закана на Господа, од буроносниот здив на Неговиот гнев.

17. Тој ја испружи раката од небото и ме прифати мене, Тој ме избави од силните води.

Прочитајте целосна глава 2 Самоилова 22