Стар Завет

Нов Завет

2 Самоилова 22:31-38 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

31. Совршени се Господовите патишта, и Господовото слово е испитано со оган. Тој им е штит на сите, кои прибегнуваат кај Него.

32. Зашто кој е Бог освен Господ? Кој е стена освен нашиот Бог?

33. Тој Бог ме опашува со сила, и ја отстранува гибелта од мојот пат.

34. Ми даде нозе брзи како на кошута, и ме постави на безбедни височини,

35. ми ги извежба рацете за борба и мишките за да оптегнуваат бронзен лак.

36. Ми го даваш Својот штит што спасува, Твојата грижливост ме возвиси.

37. Верба му даваш на мојот чекор, и моите нозе веќе не се сопнуваат.

38. Ги гонев своите непријатели и ги настигнав, и не се вратив додека не ги уништив.

Прочитајте целосна глава 2 Самоилова 22