Стар Завет

Нов Завет

2 Самоилова 22:3-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Боже мој, пештеро моја во која прибегнувам, штит мој, спасение мое, крепост моја! Ти ме избавуваш од насилство.

4. Ќе го повикам Господа, Кој е предостоен за пофалба и ќе бидам избавен од непријателите.

5. Брановите на смртта ме опкружија мене, ме исплашија погубувачките буици.

6. Јажињата на Подземјето ме сопираа, смртоносни стапици паднаа на мене:

7. во неволја го повикав Господа и извикав кон својот Бог. Од Својот Дом го чу мојот повик и моето викање стигна до Неговите уши.

Прочитајте целосна глава 2 Самоилова 22