Стар Завет

Нов Завет

2 Самоилова 22:19-32 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Станаа против мене во злосреќен ден, но Господ ме заштити,

20. ме изведе во широко поле, ме спаси, зашто сум Му мил.

21. Според мојата праведност Господ ми врати, според чистотата на моите раце Тој ме награди,

22. зашто ги пазев Господовите патишта, не се оддалечив од својот Бог.

23. Неговите одредби се пред моите очи, не ги отфрлив Неговите заповеди,

24. Нему Му бев верен до с’ржта, се чувам од секој грев.

25. Господ ми врати според мојата правда, ја виде чистотата на моите раце.

26. Со пријателот Ти си пријател, на чесниот со чесност му враќаш.

27. Со чистиот човек Ти си чист, а итриот го надигруваш,

28. зашто на понизниот народ му донесуваш спасение, а ги понижуваш горделивите очи.

29. Господи, Ти ја запалуваш мојата светилка, Боже, ја осветлуваш мојата темнина:

30. со Тебе удирам врз непријателските чети, со својот Бог ги прескокнувам ѕидовите.

31. Совршени се Господовите патишта, и Господовото слово е испитано со оган. Тој им е штит на сите, кои прибегнуваат кај Него.

32. Зашто кој е Бог освен Господ? Кој е стена освен нашиот Бог?

Прочитајте целосна глава 2 Самоилова 22