Стар Завет

Нов Завет

2 Самоилова 22:14-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Господ загрми од небото, гласот на Сèвишниот ечи.

15. Ги оптегна стрелите и ги распрсна враговите, фрли молњи и ги обори на земјата.

16. Морските дна се покажаа, и основите на светот станаа голи од страшната закана на Господа, од буроносниот здив на Неговиот гнев.

17. Тој ја испружи раката од небото и ме прифати мене, Тој ме избави од силните води.

18. Мене ме ослободи од силниот противник, од моите непријатели посилни од мене.

19. Станаа против мене во злосреќен ден, но Господ ме заштити,

20. ме изведе во широко поле, ме спаси, зашто сум Му мил.

21. Според мојата праведност Господ ми врати, според чистотата на моите раце Тој ме награди,

22. зашто ги пазев Господовите патишта, не се оддалечив од својот Бог.

23. Неговите одредби се пред моите очи, не ги отфрлив Неговите заповеди,

24. Нему Му бев верен до с’ржта, се чувам од секој грев.

25. Господ ми врати според мојата правда, ја виде чистотата на моите раце.

26. Со пријателот Ти си пријател, на чесниот со чесност му враќаш.

27. Со чистиот човек Ти си чист, а итриот го надигруваш,

28. зашто на понизниот народ му донесуваш спасение, а ги понижуваш горделивите очи.

Прочитајте целосна глава 2 Самоилова 22