Стар Завет

Нов Завет

2 Самоилова 22:10-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Тој ги наведна небесата и слезе, под Неговите нозе - мрачни облаци.

11. Застана над херувим и полета; заброди врз крилјата на ветерот.

12. Се наметна со мракот како со превез, се покри со темни води и со густи облаци,

13. од блесокот пред Неговото лице пламнаа огнени јаглења.

14. Господ загрми од небото, гласот на Сèвишниот ечи.

15. Ги оптегна стрелите и ги распрсна враговите, фрли молњи и ги обори на земјата.

16. Морските дна се покажаа, и основите на светот станаа голи од страшната закана на Господа, од буроносниот здив на Неговиот гнев.

17. Тој ја испружи раката од небото и ме прифати мене, Тој ме избави од силните води.

Прочитајте целосна глава 2 Самоилова 22